«

»

Jul 24

Советот на општина Новаци ја одржа 37-мата седница

DSC_0315

Советот на општина Новаци имаше полни раце работа затоа што во рамките на денешната седница разгледаа и дискутираа за доста обемен дневен ред кој содржеше 30-тина точки  за различни проблематики.

Седницаата започна со усвојување на записникот за претходната 36-тата седница а продолжи со усвојување на тромесечниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01.2015 – 30.06.2015 година

Советот формира комисија и именуваше членови за доделување на студентски стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија .

Советниците го усвоија  барањето од манастирот Рожденство на Пресвета Богородица-Новаци за одобрување на финансиски средства за одржување на манастирот.

Потоа беа донесени  9 предлог одлуки за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко-планска документација за селата Новаци, Г.Агларци ,Добромири, и Старавина.

Беше усвоено барањето на емсната заедница од Гермијан за санација на повеќенаменското игралиште(оградата, нови кошови, дрвени клупи и друго), потоа за ангажирање на градежна механизација(скип) и набавка на градежни матерјали(чакал) за река Елешка и за обезбедување на автобуски превоз за посета на манастирот Св.Јован Бигорски

Усвоено беше и барањето на месната заедница од с.Д.Агларци за одобрување на средства за градежен матерјал(песок 1 и 2 три камиони) и градежна механизација(скип за ископ на 15м канал) за потребите на црквата Св.Петар и Павле и барањето од месната заедница од с:Рапеш за ангажирање на градежна механизација за санирање на брана и улици во селото.

Советниците го усвоија барањето поднесено од црковниот одбор на манастирот Св.Никола за доасфалтирање на патот(100м), од Здружение за заштита на културното и природното наследство на Мариово-НЕТОП за организирање на традиционалниот Етно Илинденски концерт во с.Градешница , барањето за спонзорство(3 клими) од Интерно оделени при Клиничка Болница ,,Трифун Пановски Битола.

Советниците ги разгледаа и усвоија неколкуте барања од месната заедница од с.Живојно и тоа за одобрување на средства за санирање на брана(дефект на цевка, ископ и утврдување на дефектот за одобрување на средства за поставување на плочки на  патека и дворот на црквата Св.Спас, за набавка на градежен матерјал(2камиони тампон) и градежна механизација(скип), одобрување на средства за набавка на градежен матерјал(12камиони тампон) и градежна механизација(машина за рамнење), и за одобрување на цистерна со вода за попрскување на тампон).

На меснатаз аедница од с.Мегленци му беше одобрено средства за набавка на градежни матерјали(чакал 1,2,,3 чакал 15м3, песок 1 10м3, цемент 100 вреќи) и ангажирање на градежна механизација(скип).

Советниците изгласаа на КУД,,Новаци,,Новаци и АФ Плетенка-Битола да им се  обезбеди автобуски превоз до Лудбрег-Република Хрватска.

Советниците разгледаа и разни други барања од фирми и физички лица и тоа: за поставување на бетонска цевка (Ф 500 во должина од 6м )на полски пат, на Ј.П.Македонски Шуми-Скопје, ПШС,,Кајмакчалан,,-Битола им одобрија користење на теренско возило лада нива и гориво за чистење на коритото на Црна река, на ФК,,Новаци2005,,Новаци и фудбалска школа ,,ЛГ Спорт,,Битола им одобрија финансиски средства за организирање на меѓународен фудбалски турнир за деца до 13 години.Беше усвоено барањето од жители од с.Новаци за асфалтирање на улица, барањето од Црковен одбор од с.Градешница за набавка на градежни матерјали и гориво.

На Месната Заедница с.Гнилеш им беше одобрено санација на патот од с.Тепавци до манастир Св.Илија како и санација на браната додека на месната заедница од с.Орле градежна механизација за санирање на брана и рамнење на улици.

Советот на општина Новаци на 37-мата седница им додели финансиски средства на ФК Новаци 2005-Новаци за натпреварување во Трета македонска лига на Македонија за Есенскиот дел 2015 година и на КИК Новаци за  реализација на манифестацијата ,,Културно лето Новаци 2015,,.

Советниците донесоа предлог-Одлука за отпочнување на постапка за изработка и донесување Локална урбанистичко-планска документација за изградба на намена Д3-спорт и рекреација на КП 487 и дел од КП 486 КО Скочивир а беше усвоено и барањето од Пецо Шурбевски од с.Новаци за одобрување на финансиски средства за штети на куќата и дворот за време на поплавите 2015 година(од донаторска сметка за Поплава 2015 година).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php