«

»

Jul 24

Заменик министер за земјоделие Ванчо Костадиновски беше во посета на Пелагонија

DSC_3341

Заменик министер за земјоделие Ванчо Костадиновски ја посети Пелагонија, со цел да се информира за активности поврзани со периодот на жетва. На средбата покрај ресорниот министер присуствуваа градоначалниците на општините Новаци и Могила, Лазар Котевски и Стево Пивковски, претставници на Сојузот на земјоделци, ЗИК Пелагонија и индувидуални производители. Според информациите кои заменик министерот ги добил од директно вклучените во овие земјоделски активности поврзани со жетвата, пченицата била со подобар квалитет од ланската и покрај невидените поплави кои го зафатија овој регион во месец февруари.

-Пченицата е со подобар квалитет во однос на ланската реколта, а просечната цена по која што се откупува килограм пченица изнесува 10 денари. Тоа што беше договорено во МЗШВ, договорената цена од 10 денари плус трошоци за транспорт до мелничарските и откупните претпријатија и надоместокот за ДДВ, цената да изнесува 11 денари, можам да кажам дека главно се почитува за откуп на пченица со стандарден квалитет од која се произведува лебно брашно. Жетвата добро се одвива, како и откупот на пченицата. Досега се откупени околу 20.000 тони пченица, рече Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделие.

Заменик министерот Костадиновски вели дека жетвата и откупот се одвиваат добро.

-Јасна е одредбата за оваа култура која е дефинирана како стратешка. Ќе се постапува согласно одредбата во која стои дека доколку просечната продажна цена по која се откупува пченицата согласно завршената жетва е пониска од производствената таа разлика ќе биде дотирана од Владата, вели Костадиновски.

Заменик министерот Костадиновски оствари средба со претставници на Сојуз

Од Сојузот на земјоделци пак велат дека интензивно неколку месеци наназад се преговара за минималната цена за откуп на пченицата.

-Со мелничарите се расправавме 3 месеци, се договаравме за минималната цена во Министерството за земјоделие, на крајот се договори минимална цена со минимални параметри да биде 11 денари, но мелничарите овој договор не го почитуваат, вели Вељо Тантаров, Сојуз на земјоделци.

На прашањето до министерот дали има информации за појава на т.н. диви откупувачи вели:

-Доколку некој има сознание за диви откупувачи кои се надвор од системот, ги охрабрувам сите да пријават во Државниот инспекторат за земјоделство со цел сите оние што вршат див откуп да бидат санкционирани согласно закон, рече Костадиновски.

Заменик министерот Костадиновски посетата на Пелагонија ја заврши со посета на неколку откупни центри во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php