«

»

Jul 16

„Вкусот на традицијата“ во општина Новаци

11720715_862515520496964_686046175_n

Во прекрасниот амбиент на манастирот Свети Никола во Суводол се промовираше традиционалната македонска кујна карактеристична за поднебјето на општина Новаци. Вредните раце на пензионерките од Здружението на пензионери подготвија богата трпеза со зелник, гравче тавче, разни салата , печени пиперки и слично.

„Познатата емисија „Вкусот на традицијата“ на Адријана Алачки која се емитува е на една нацинална емисија е вистинска можност сите во Македонија па и пошироко да можат да се запознаат со вкусната храна која ја подготвувала низ вековите на просторите на Општина Новаци. Во кујната на манастирот Св.Никола во Суводол се снимија пет емисиии , при што се подготвија разни традиционални македонски јадења. Голема благодарност и до жените пензионерки од општина Новаци кои се вклучија во реализацијата на овие емисии. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Ова  не е прв пат општина Новаци на ваков начин да ја промовира македонската традиционална кујна и фолклорот од своето поднебје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php