«

»

Jul 15

Продолжува успешната соработка помеѓу општина Новаци и амбасадата на Унгарија

DSC_2664

Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, господинот Јожеф Бенце и конзулот Сашо Јанакиевски во посета на општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски. По размената на пригодни подароци, поздрави и желби за понатамошна успешна соработка, амбасадорот Бенце го покани градоначалникот Котевски на посета на Унгарија во втората половина на месец септември.

„Сакам во име на вашата збратимена општина и во мое лично име да ве поканам на посета на Унгарија во периодот 18-21 септември 2015 година, при што ќе ја посетите нашата земја и ќе се запознаете со неа, ќе размените контакти,ќе ја посетите Будимпешта и сл.Сакам да ја искористам оваа прилика да ви пренесам две работи кои ми беа кажани по посетата на градоначалникот на општина Фармош на Новаци. Првата работа е неговата изненаденост од гостопримливоста и љубезноста на вашата општина и жителите како и фасцинираноста од бизнис форумот кој го имавте организирано .“ рече унгарскиот амбасадор Јожеф Бенце.

Градоначалникот Котевски го изрази големото задоволство од посетата на унгарскиот амбасадор кој го нарече свој драг пријател.

„Ви благодарам многу на вашата посета и чест и задоволство ми е што повторно сте наш гостин. Сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со општина Фармош со кои сме веќе збратимени и кои еднаш беа во посета на нашата општина. Се разбира дека и ние ќе ги посетиме и ќе успeеме да ја продлабочиме нашата соработка и на економски план.Ние сме земјоделска општина и би сакале да размениме искуства околу нивниот начин на водење на земјоделските и сточарските работи“ рече Лазар Котевски.

Градоначалникот и амбасадорот разговараа и за актуелната политичка ситуација во државата.

„ Се надевам дека ЕУ ќе го промени својот став кон Македонија и дека наскоро ќе ви даде датум за преговори, затоа што веќе 10 години стоите во место и нормално е народот и политичарите да губат верба. Сметам дека Македонија тоа го заслужува затоа што е најдобар ученик на патот на една земја до евроинтеграциските процеси. “ рече унгарскиот амбасадор Јожеф Бенце.

„ Мислам дека за брзо ќе биде решено долгогодишното прашање за името со нашиот јужен сосед особено со смената на Владата таму. Наскоро ќе се реши и домашната политичка криза со повторно организирање на избори кога народот повторно ќе си ја искажи својата волја. Верувам во оваа Влада која несебично деноноќно работи и се залага за подобро утре на македонскиот народ.“ рече градоначалникот Котевски.

Двата политичари разговараа и за останатите актуелни состојби во Европа, азилантската криза, миграционите процеси, развојот на економијата и слично.

Градоначалникот Котевски заедно со гостите средбата ја продолжија во рамките на бизнис средбата на стопанствениците од Пелагонискиот регион со националната трговска комора на Унгарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php