«

»

Jul 10

Театарска претстава и летен детски камп за старт на Културно лето Новаци 2015

DSC_0019

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска на сите дечиња учесници во Летниот детски камп кој се одржуваше овие 4 дена во Новаци во рамките на Културно лето Новаци 2015 , им врачи пофалници.

Како втора активност на самиот старт на оваа културна манифестација која се одржува трета година по ред беше изведена детската театарска претстава „Ојле брада во животинска балада“.

DSC_0070

Културно лето Новаци 2015 година ќе се одржува во две фази од кои првата во јули а втората во месец август.

За 13.07 понеделник, организаторите имаат предвидено концерт на културно уметничките друштва Дримкол од Вевчани и Новаци од Новаци а на 16.07 детски музички перформанс на модерни танци на танцовиот клуб Ехпосе со почеток во 18 часот во центарот на Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php