«

»

Jul 08

Завршни активности околу реконструкцијата на деловниот простор во центарот на Новаци

3

Привршуваат градежните работи околу деловниот објект кој се наоѓа во центарот на Новаци. Овој објект беше во очајна состојба и го нагрдуваше ликот на ова населено место. Токму затоа Општина Новаци со средства од сопствениот буџет во висина од 6 милион денари целосно го реконструира.

„ Овој објект беше во очајна состојба затоа побаравме од Владата на РМ ,односно од УЈП во чија сопственост беше објектот истиот да ни биде отстапен за да можеме да го  реновираме.

Морам да изразам голема благодарност до Владата и до УЈП за брзата постапка и отстапувањето на сопственоста.

Набрзо по решавањето на имотноправните односи пристапивме со градежни работи и по неполна година реконструкцијата е при крај.“рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

На приземјето ќе биде отворена аптека и земјоделска аптека, тука ќе биде сместен пензионерскиот клуб додека на горниот кат ќе им бидат доделени простории на невладиниот сектор од општина Новаци акко КУД Новаци и КИК од Новаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php