«

»

Jul 07

Општина Новаци ќе гради фекални канализации во Гермијан , Добромири Бач и Рибарци

2

Со грант од 260 000 евра обезбеден преку јавниот повик за користење на средства од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура објавен од страна на Министерствотот за финансии на РМ , општина Новаци ќе гради фекална канализација во селата:Гермијан Добромири и Рибарци.

„ Аплициравме со проекти за изградба на канализациони системи во три села во општина Новаци на јавниот оглас на Министерство за финансии од грантот од ИПА претпристапната помош на ЕУ и добивме средства во износ од 260 000 евра. Средствата ќе бидат искористени за изградба на фекална канализација во Рибарци која ќе изнесува 1600 метри, во Добромири 2753,5 метри и во Гермијан 3563 м.“рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Паралелно со изградбата на овие три канализации ќе се гради и фекална канализација во Бач која изнесува 2870м  и истата ќе чини околу 6 милиони денари а средствата ќе се обезбедат преку задолжување.

Исто така Општина Новаци има испратено апликација до Европската банка за обнова и развој ЕБОР  со кој очекуваме грант од 250 000 евра кој ќе биде искористен за изградба на водовод од бунар  кои ќе ги снабдува со вода селата Брод – Добровени –Живојно.

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php