«

»

Jun 22

Санација, реконструкција и асфалтирање согласно Програмата за патишта и улици за 2015 година во општина Новаци

DSC_5202

Општина Новаци започна со спроведување на активности околу асфалтирање, реконструкција и тампонирање на локални патишта и улици согласно Програмата за 2015 година. Годинава според планот за работа предвидено е асфалтирање и тампонирање на 2,5 км улици низ населените места на оваа локална самоуправа.

„Започнавме со реконструкција на сите полски патишта во општина Новаци за што од сопствениот буџет ќе издвоиме околу 4,8 милиони денари.Исто така ќе се започне со асфалтирање на регионалниот патен правец Рапеш-Старавина во должина од 2 км,активност на Македонија Пат, додека општина Новаци тука има и свое учество 1000 км 3 кршен камен за тампонирање. Ова е долгогодишен сон за луѓето од Мариово и полелка полека се надевам дека за брзо време целиот овој патен правец ќе биде асфалтиран. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Општина Новаци аплицира и до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за асфалтирање на 1 км улици во селата Старавина, Градешница и Зовиќ, како и за асфалтирање на патниот правец Скочивир до Манастирот Св.Архангел Михаил во должина од 1 км.

„Имаме поднесено апликација до Агенцијата за асфалтирање на патниот правец Гнеотино – Брод во должина од 4 км кој ќе чини околу 20 милиони денари “ рече градоначалникот Котевски.

Започнато е реконструирањето на патниот правец Гнеотино – Брод кој беше оштетен од поплавите а напраената штета која сега се надоменстува со средства од буџетот изнесуваше 4 930 000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php