«

»

Jun 22

Општина Новаци со серија активности на чистење и бетонирање на каналскиот систем

DSC_5181

Општина Новаци како и секоја година така и оваа продолжува со активностите околу чистење на канлскиот систем на нејзина територија, доградување, реконструкција и бетонирање на нови но и постоечки канали и брани.

„Оваа година 8 милиони денари од Фондот за фосилни горива планираме да ги искористиме за чистење на канали во Општина Новаци во должина од 11 километри.Исто така ќе се гради порој во Гермијан а ќе се бетонираат канали за атмосферска канализација во Агларци, Гермијан, Бач и Добромири. Планираме и да се бетонира и 10-тиот канал онаму каде досега тоа не е направено.“ рече градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Исто така во летниот период ќе се добетонира каналот во Долно Агларци кој проект ќе не чини 2.600.000 денари а средствата ги обезбедува Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

Паралелно со овие активности продолжуваме со чистењена дивите депонии како и со монтажа и демонтажа на брани за наводнување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php