«

»

Jun 17

Градоначалникот Котевски им посака успешна работа на петте центри за ран детски развој

deca

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски ги посети петте  центри за ран детски развој во Гермијан, Далбеговци, Живојно, Агларци и Добромири кои се дел од Проектот „Растеме и учиме 2 “ од програмата општинско-корисна работа кои општината го спроведува со партнерство со УНДП, АВРМ и МТСП. На дечињата им посака забавно и плодно учење а на едукаторите успешна работа.

„ Денес и вчера ги посетувам овие ново отворени центри за ран детски развој и на дечињата и едукаторите им посакувам успешна работа и плодно и забавно дружење во овие наредни шест месеци. Општина Новаци и понатаму ќе работи на овај план и се надевам дека за брзо време централниот центар за ранд етски развој кој се наоѓа во Новаци ќе прерасне во градинка а потоа ќе имаме можност и за отворање на постојани вакви центри и во други населени места“ рече градоначалникот Котевски.

Преку овој проект 6 месеци ѓе бидат ангажирани пет едукатори и еден дефектолог кои ќе работат во постоечките и новоотворените Центри за ран детски развој во Добромири,Далбеговци и Живојно додека во Агларци  и Гермијан децата ќе бидат згрижени во подвижен центар наменет и адаптиран за работа за деца од претшкослка возраст.

Општина Новаци трет пат реализира  проект од програмата општинско корисна работа. Претходно успешно го имплементираше шест месечниот проект за неформално образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот  јазик а потоа проектот „Растеме и учиме заедно 1“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php