«

»

Jun 13

Пуштено во употреба повеќенаменското игралиште во Новаци

11406267_987343571289541_4318896820422214086_o

 

Повеќенаменско спортско игралиште, инвестиција вредна 8 милиони обезбедени од македонската Влада денеска беше ставено во функција во училиштето „Славко Лумбарковски“ во битолското село Новаци. Игралиштето го пушти во употреба премиерот Никола Груевски во придружба на заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котески.
Премиерот Груевски нагласи дека новото повеќенаменско спортско игралиште ќе донесе нови спортски радости затоа што тука се создадени одлични услови за играње фудбал, ракометденари , кошарка, а по желба и други спортови.
„Покрај оваа инвестиција веднаш до ова игралиште ја градиме и новата фискултурна сала кои од корен ќе ги изменат условите во кои растат и се образуваат малдите од Новаци. Овие два спортски објекти ќе имаат посебно значење за условите во кои се одржуваат часовите по физичко образование и секако за правилен раст и развој на децата. Тоа е и нашата основна цел со овие инвестиции, развивање на здрави животни навики, спортување, градење на тимски дух кај младите и секако поддршка на спортот во сите делови на нашата земја, истакна премиерот Груевски.“
„На ова игралиште кое се наоѓа во дворот на ОУ„Славко Лумбарковски” младите жители на Новаци ќе можат да спортуваат во разни спортски дисциплини. Игралиштето располага со спортски терени за ракомет, кошарка, баскет, и сервис. Осветлено е со четири рефлектори, па така младите ќе можат да спортуваат и рекреираат и во вечерните часови. Во непосредна близина на повеќенаменското игралиште, во завршна фаза е изградбата на спортската сала која ќе биде готова во август, а наскоро, во непосредна близина на спортскиот центар, ќе почне изградбата и на олимписки базен “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Притоа, премиерот Груевски уште еднаш апелираше до земјоделците во иднина да ги осигуруваат нивните земјоделски посеви.
-Со оглед на тоа што ова беа најголемите поплави што се случија во последните 35 години, ние одлучивме да ги обештетиме земјоделците до сто проценти. Но, во иднина, тоа не ќе можеме да го правиме. Во оваа прилика сакам да укажам дека е многу важно земјоделците да стекнат навики за осигурување на земјоделските површини, за што Владата издвојува дури 60 % од износот на осигурителните полиси- истакна премиерот Груевски.
На свеченоста, по повод пуштањето на повеќенаменското игралите, присуствуваа голем број жители на Новаци и на околните села.
Инаку, премиерот Груевски во своето обраќање, нагласи дека владата е постојан партнер на Новаци и ги помага сите издржани и потребни проекти. Игралиштето е изградено во рамките на проектот на владата и Агенцијата за млади и спорт, за изградба на спортски сали, повеќенамески игралишта и тениски терени во земјава.
На свеченоста по повод пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште присуствуваа мноштво жители на Новаци и околните места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php