«

»

Jun 09

Дечињата од Центар „Бамби“ успешно вклучени во Глобалната уметничка изложба до 12 години

DSCN0295

Дваесеттина цртежи и изработки во различни техники  изготвени од деца на претшколска возраст од Македонија, Индија, Грузија, Микронезија, Ерменија,Лаос, Еквадор, Тајланд, Србија, Бугарија,Украина,Кина ,Колумбија , Албанија и Америка беа испратени до врсниците од Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци како одговор на нивното учество во глобалната уметничка изложба  организирана под мотото „Градење на мостови помеѓу училниците од светот“.

„Ова е втора година по ред како Центарот за ран детски развој е влучен во оваа глобална уметничка изложба. Ме радува фактот што општина Новаци излегува од анонимноста а во тоа се вклучени нашите најмали жители. Ние како локална самоуправа постојано го поддржуваме и помагаме Центарот „Бамби“ и понатаму ќе го правиме тоа се со цел дечињата од руралните средини да имаат квалитетно образование како и децата од урбаните средини.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Цртежите беа изработени од дечиња на возраст помеѓу 6 и 12 години.

„Ова е втора година како учествуваме, прв пат учествувавме лани. Испративме плико со 20 цртежи и изработки во различни техники и неколку месеци подоцна на наше изненадување довиме возвратна пратка со исто толку цртежи од деца од десеттина различни земји од светот. Бамби е единствен центар од Македонија кој учествуваше и на кој му беа испратени вакви цртежи. Во оваа акција заедно со нас од Балканот се вклучија само Албанија и Србија. На ваков начин дечињата воспоставуваат  меѓукултурно разбирање преку создавање на уметнички дела. “ рече Николина Лозановска едукатор во Центарот.

Во оваа активност учество зедоа 33 училишта од вкупно 15 држави во светот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php