«

»

Jun 09

Втора работилница од проектот за „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓанските здруженија“

DSC_0181

Во просториите на општина Новаци се одржа втората работилница за развивање на методологија за распределба на средства од буџетот на општината за поддршка на здруженија.

До крајот на имплементацијата на проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓанските здруженија  треба да се организира уште една ваква работилница а потоа да се изработи модел кој треба да го изгласа СОветот на општина Новаци и по кој во иднина ќе се распределуваат средствата од буџетот на локалната самоуправа до здруќенијата на граѓани.

На работилницата учество зедоа претставници на Советот на општина Новаци односно на Комисијата за финансии и буџет, државни службеници ,здруженија на граѓани, спортски и културно уметнички друштва.

Присутните на работилницата дискутираа за развивањето на генерална рамка на методологија, за постапката при одлучување за финансирање на предлог проекти, развивање на критериуми со систем на бодување, развивање на унифициран формат за аплицирање и слично.

Третата работилница се планира да се одржи до крајот на месец јуни или почетокот на месец јули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php