«

»

Jun 05

Општина Новаци отвора пет игротеки преку проектот „Растеме и учиме заедно 2“

DSC_5437

Општина Новаци продолжува  со реализација на проектот „Растеме и учиме заедно 2“ од програмата за општинско корисна работа, во чии рамки ќе бидат времено ангажирани пет едукатори и еден дефектолог кои ќе работат во постоечките и новоотворените Центри за ран детски развој во Добромири,Далбеговци и Живојно додека во Агларци  и Гермијан децата ќе бидат згрижени во подвижен центар наменет и адаптиран за работа за деца од претшкослка возраст.Денеска договори за ангажман потпишаа шесте лица кои ќе бидат вклучени во воспитно образовниот процес.

„Од 1 јуни 2015 година,  Општина Новаци продолжува  со реализација на проектот „Растеме и учиме заедно 2 “ .Ова е проект кој го  финансира општина Новаци заедно со УНДП,АВРМ и МТСП. Минатат година проектот опфаќаше отворање на игротеки во три села и тоа :Добромири, Горно Агларци и Живојно. А сега се проширува уште на две села Гермиајн и Далбеговци. Новина годинава е што за прв пат ќе биде ангажиран и дефектолог кој ќе работи со децата кои имаат потешкотии во говорот. Заинтересираноста кај родителите е многу голема  затоа што значи социјализација за децата од руралните средини заедничко дружење и учење.Општина Новаци ќе продолжи и понатаму со поддржување на ваквите проекти. “ рече градоначалникот Лазар Котевски.

Реализацијата на овој проект е можност за стекнување на прво работно искуство за лицата кои привремено ќе бидат ангажирани.

„ Раниот детски развој е најбитен во развојот на децата и секое дете треба да има можност да се едуцира на тој начин за подобри резултати во понатамошното школување и социјализација. Ние имаме некое искуство и ќе работиме и понатаму на овој проект.“ вели Весна Најдовска Поповска,дипломиран учител.

„Ќе се трудиме да направиме се за овие деца, бидејќи  раниот детски развој е најдобар за откривање на говорните мани и работење на нив со цел нивно отстранување.  “ вели Драгана Пискачева – дипломиран дефектолог.

Општина Новаци трет пат реализира  проект од програмата општинско корисна работа. Претходно успешно го имплементираше шест месечниот проект за неформално образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот  јазик а потоа проектот „Растеме и учиме заедно 1“.

„Преку имплементацијата на овој проект ќе се отворат Центри за ран детски развој во пет рурални средини во општина Новаци  а тоа ќе значи и времено вработување на 6 лица од кои пет едукатори и еден дефектолог што е всушност новина оваа година затоа што на родителите и нивните деца од руралните средини ќе им се овозможи една нова услуга која досега не им беше достапна а се за доброто на нивните деца“ вели Николина Лозановска, општински координатор.

Програмата Општинско корисна работа општина Новаци ја имплементира во партнерство со УНДП,АВРМ и МТСП а проектот ќе се имплементира шест месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php