«

»

Jun 03

Ќе се гради крст во манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци

11304061_841472149267968_163845700_n

Новачкиот манастир Рожденство на Пресвета Богородица кој важи за еден од најубавите и единствен по местоположбата наскоро ќе добие 25 метарски крст кој ќе биде изграден на самиот влез од лева страна. Покрај крстот ќе биде спроведено и професионално осветлување а манастирот ќе добие и озвучување.

„ Во присуство на владиката Петар и пратеникот од дијаспората Васко Наумовски го разгледуваме дворот на манастирот со цел да го одредиме местото каде наскоро ќе се постават темелите за голем крст со висина од 25 метри кој ќе биде осветлен. Изградбата ќе биде целосна донација од ФОД додека спроведувањето на електричните работи и озвучувањето ќе го покрие општина Новаци.“ рече градоначалникот Лазар Котевски.

11289526_841499599265223_394553536_n

Градоначалникот Котевски со неговите гости го посетија и манастирот Св.Никола во Мегленци кој го празнуваше истоимениот празник.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php