Monthly Archive: June 2015

Jun 29

Ќе се гради ракометно игралиште во с. Долно Агларци

Општина Новаци со средства обезбедени од Владата на Република Македонија преку кредит од Светска банка ќе гради уште едно ракометно игралиште во Долно Агларци.

Jun 29

Градежни активности на општина Новаци во Мариовско

Општина Новаци издвои 1,2 милион денари од сопствениот буџет за реконструкција на манастирот во с.Градешница.

Jun 22

Санација, реконструкција и асфалтирање согласно Програмата за патишта и улици за 2015 година во општина Новаци

Општина Новаци започна со спроведување на активности околу асфалтирање, реконструкција и тампонирање на локални патишта и улици согласно Програмата за 2015 година. Годинава според планот за работа предвидено е асфалтирање и тампонирање на 2,5 км улици низ населените места на оваа локална самоуправа.

Jun 22

Општина Новаци со серија активности на чистење и бетонирање на каналскиот систем

Општина Новаци како и секоја година така и оваа продолжува со активностите околу чистење на канлскиот систем на нејзина територија, доградување, реконструкција и бетонирање на нови но и постоечки канали и брани.

Jun 17

Градоначалникот Котевски им посака успешна работа на петте центри за ран детски развој

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски ги посети петте  центри за ран детски развој во Гермијан, Далбеговци, Живојно, Агларци и Добромири кои се дел од Проектот „Растеме и учиме 2 “ од програмата општинско-корисна работа кои општината го спроведува со партнерство со УНДП, АВРМ и МТСП. На дечињата им посака забавно и плодно учење а …

Continue reading »

Jun 16

Градоначалникот Котевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Спојот на искуството и свежината во кадровската политика, како што и беше најавено, треба да ја водат партијата во следните години. На вчерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ партијата избра нов состав на Извршниот Комитет. Оваа постапка е во рамките на Статутот на Партијата и беше во очекување после одржувањето на редовниот Конгрес во Куманово …

Continue reading »

Jun 13

Пуштено во употреба повеќенаменското игралиште во Новаци

  Повеќенаменско спортско игралиште, инвестиција вредна 8 милиони обезбедени од македонската Влада денеска беше ставено во функција во училиштето „Славко Лумбарковски“ во битолското село Новаци. Игралиштето го пушти во употреба премиерот Никола Груевски во придружба на заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, градоначалникот на …

Continue reading »

Jun 09

Втора работилница од проектот за „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓанските здруженија“

Во просториите на општина Новаци се одржа втората работилница за развивање на методологија за распределба на средства од буџетот на општината за поддршка на здруженија.

Jun 09

Дечињата од Центар „Бамби“ успешно вклучени во Глобалната уметничка изложба до 12 години

Дваесеттина цртежи и изработки во различни техники  изготвени од деца на претшколска возраст од Македонија, Индија, Грузија, Микронезија, Ерменија,Лаос, Еквадор, Тајланд, Србија, Бугарија,Украина,Кина ,Колумбија , Албанија и Америка беа испратени до врсниците од Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци како одговор на нивното учество во глобалната уметничка изложба  организирана под мотото „Градење на …

Continue reading »

Jun 05

Општина Новаци отвора пет игротеки преку проектот „Растеме и учиме заедно 2“

Општина Новаци продолжува  со реализација на проектот „Растеме и учиме заедно 2“ од програмата за општинско корисна работа, во чии рамки ќе бидат времено ангажирани пет едукатори и еден дефектолог кои ќе работат во постоечките и новоотворените Центри за ран детски развој во Добромири,Далбеговци и Живојно додека во Агларци  и Гермијан децата ќе бидат згрижени …

Continue reading »

Older posts «

css.php