«

»

May 22

Општина Новаци отвора пет игротеки преку проектот „Растеме и учиме заедно 2“

DSC_1388

Општина Новаци продолжува  со реализација на проектот „Растеме и учиме заедно 2“ од програмата за општинско корисна работа, во чии рамки ќе бидат времено ангажирани пет едукатори и еден дефектолог кои ќе работат во постоечките и новоотворените Центри за ран детски развој во Добромири,Далбеговци и Живојно додека во Агларци  и Гермијан децата ќе бидат згрижени во подвижен центар наменет и адаптиран за работа за деца од претшкослка возраст.

„Од 1 јуни 2015 година,  Општина Новаци продолжува  со реализација на проектот „Растеме и учиме заедно 2 “ .Ова е проект кој го  финансира општина Новаци заедно со УНДП,АВРМ и МТСП. Минатат година проектот опфаќаше отворање на игротеки во три села и тоа :Добромири, Горно Агларци и Живојно. А сега се проширува уште на две села Гермиајн и Далбеговци. Новина годинава е што за прв пат ќе биде ангажиран и дефектолог кој ќе работи со децата кои имаат потешкотии во говорот. Заинтересираноста кај родителите е многу голема  затоа што значи социјализација за децата од руралните средини заедничко дружење и учење.Општина Новаци ќе продолжи и понатаму со поддржување на ваквите проекти. “ рече градоначалникот Лазар Котевски.

Преку имплементацијата на овој проект ќе се отворат Центри за ран детски развој во пет рурални средини во општина Новаци  а тоа ќе значи и времено вработување на 6 лица од кои пет едукатори и еден дефектолог.

Општина Новаци трет пат реализира  проект од програмата општинско корисна работа.Ппретходно успешно го имплементираше шест месечниот проект за неформално образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот  јазик а потоа проектот „Растеме и учиме заедно 1“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php