«

»

May 11

Општина Новаци преку проект ќе изработи модел за распределба на општински средства за невладиниoт сектор

DSC_0219

Денеска во општината се одржа првата од трите работилници посветена на развојот на методологија за распределба на средства од општинскиот буџет за подршка на здруженија. Активностите се насочени кон подобрување на досегашната пракса во соработката меѓу локалната самоуправа и граѓанските здруженија за добробит на сите граѓани како и зголемување на траспарентноста и отчетноста на општината при распределбата на буџетските пари.

„Развивање на методологија на која ќе работат работни групи составени од општинските администрации, Советите на општините и локални граѓански организации која по завршувањето на работилниците ќе биде предложена до Советите на општините што земаат учество во проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови наменети за здруженија. Ова е целта на спроведувањето на низа активности кои ги организира МКЦ Битола во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. Активностите ќе бидат насочени кон изнаоѓање на решенија за различни проблеми со кои ќе се подобри квалитетот на животот во општината, вели Мери Нашоку – програмски директор во МКЦ Битола.

Во работилниците учествуваа претставници од општинската администрација , советниците како и граѓански здруженија од територијата на општина Новаци.

„ Активностите предвидуваат формирање на поединечни работни групи за двете општини составени од претставници на општинската администрација и Советите на општините и локалните граѓански организации, а низ 3 работилници во секоја општина ќе се изработат и предложат до Советите на општините модели за распределба на средства, заедно со предлог процедури за нивно спроведување.Активностите се насочени кон поголема транспарентност и отчетност на локалната самоуправа при доделување на средства на здруженијата од општинските буџети. За таа цел ќе се спроведат активности за развивање модел за распределба на средства од општинските буџети за поддршка на здруженија во општините Битола и Новаци.

“ вели Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Од граѓанските здруженија сметаат дека работилницте ќе помогнат во подобрување на досегашната пракса и соработката меѓу локалната самоуправа и здруженијата.

„ Ние сме релативно ново здружение, постоиме кратко време но сепак доставивме план и програма за работа за 2015 година до општината и се надеваме на поддршка од општината при реализацијата на тие наведени проекти во програмата. “ рече Миле Мицевски, од ЗГ Новак.

По завршувањето со циклусот работилници ќе следи и објавување на водич, според кој и останати општини во државата ќе може да пренесуваат позитивни пракси во областа на транспарентна распределба на средства од општинските буџети за подршка на здруженија.

Овие активности се дел од проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија“ кој го имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со партнерите Младински културен центар Битола, Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и Центар за развој на заедницата Кичево во 8 општини во Република Македонија (Штип, Чешиново – Облешево, Кичево, Пласница, Дебар, Центар Жупа, Битола и Новаци).

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php