«

»

May 05

При крај е изградбата на спортската сала во Новаци

DSC_1803

 

Спортската сала во Новаци веќе започнува да го добива конечниот лик. Веќе е поставена железната конструкција а сега се работи на нејзино затворање и внатрешно уредување. Ова е прв ваков спортски објект во општина Новаци кој има особено големо значење за развојот на спортот кај младите и правилен нивен раст и развој.

 

„Изградбата е во завршна фаза и се надеваме дека истата ќе биде ставена во употреба до крајот на учебната година.Од овој спортски објект ќе имаат благодет околу 300 деца од Новаци и околните села. “ вели градоначалникот Лазар Котевски.

 

Спортската сала во Новаци е дел од владиниот проект за изградба на 145 училишни спортски сали.

DSC_1807

„Салата ќе има површина од 650 метри квадратни, ќе биде опремена со најмодерна спортска опрема, спортски помагала, соблекувална, тушеви и други помошни простории и ќе биде оспособена за повеќе видови спортови.

Изградбата на салата чини 24 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџетот на РМ и заем од Банката за развој при Советот на Европа.“ вели Котевски.

 

Покрај спортската сала во Новаци веќе е изградено повеќенаменско игралиште со средства од Агенција за млади и спорт на РМ кое веќе е ставено во функција на месното население. Локалната самоуправа во наредниот период планира на ова место да изгради спортско рекреативен центар и забавен парк со играчки за деца како и отворен базен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php