«

»

May 04

Започна пролетната дератизација во општина Новаци

IMG_20150430_121835[1]

Започна пролетната систематска превентивна дератизација  на канализациониот систем, јавната депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта  и останатите критични точки кои можат да ја нарушат хигиенско-епидемиолошката состојба во Општина Новаци.

„Ја започнавме дератизацијата  со цел општа превентивна противепидемиска мерка за спречување на појава и пренесување на заразни болести од глодари, активност која е уште понеопходна да се спроведе заради поплавите кои не зафатија во месец февруари. Дератизацијата ќе се спроведува со висечки и статички парафиски блокови од по 50 грама. По завршувањето на дератизацијата ќе се спроведе дезинсекција и тоа во две фази а може да започне и со вонредно прскање. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

IMG_20150430_121934[1]

Со дератизацијата во општина Новаци ќе бидат опфтаени околу 90 шахти од подземниот канализационен систем, 25 шахти на сите јавни објекти и згради  односно на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од јавен посебен интерес, дератизација на јавната депонија Мегленци и слично. Дератизацијата ќе се спроведува во две фази: пролетна  со која ќе бидат опфатени 115 шахти и есенска со опфат како и претходната која ќе се реализира во периодот октомври-ноември и се планира да трае два дена, информираат од Центар за јавно здравје Битола.

Дератизацијата е само еден дел од превентивната дезинсекција, дезинфекција и дератизација која се спроведува два пати годишно согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Активноста ја спроведува Центар за јавно здравје Битола согласно претходно доставената предлог-програма и акционен план.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php