Monthly Archive: May 2015

May 28

Советот на општина Новаци ја одржа 35 –тата седница

Советниците од пелагониската општина Новаци денеска со полни раце работа . На одржаната 35- та седница разгледаа и усвоија околу дваесет точки и уште толку дополнувања кои беа ставени на дневен ред.      

May 22

Општина Новаци отвора пет игротеки преку проектот „Растеме и учиме заедно 2“

Општина Новаци продолжува  со реализација на проектот „Растеме и учиме заедно 2“ од програмата за општинско корисна работа, во чии рамки ќе бидат времено ангажирани пет едукатори и еден дефектолог кои ќе работат во постоечките и новоотворените Центри за ран детски развој во Добромири,Далбеговци и Живојно додека во Агларци  и Гермијан децата ќе бидат згрижени …

Continue reading »

May 22

Прославен  Св.Никола Мириклиски во Суводол

Манастирот Св.Никола во Суводол денеска го славеше своејот празник. Голем број верници присуствуваа на светата божествена литургија која тука се служеше како и вработените во РЕК најголемиот прозиводител на електрична енергија во Македонија.

May 18

Јавен оглас до евидентирани невработени лица

Почитувани, Општина Новаци има потреба од 6 невработени лица за реализација на проектот “Растеме и учиме заедно II”. Јавниот оглас можете да го преземете од ТУКА.

May 18

Оглас за волонтери во општина Новаци

Почитувани, На општина Новаци и се потребни два волонтери за работа од 01.06.2015 до 31.08.2015. Огласот за истите можете да го најдете ТУКА, додека прашалникот за волонтери можете да го симнете од ТУКА.

May 11

Општина Новаци преку проект ќе изработи модел за распределба на општински средства за невладиниoт сектор

Денеска во општината се одржа првата од трите работилници посветена на развојот на методологија за распределба на средства од општинскиот буџет за подршка на здруженија. Активностите се насочени кон подобрување на досегашната пракса во соработката меѓу локалната самоуправа и граѓанските здруженија за добробит на сите граѓани како и зголемување на траспарентноста и отчетноста на општината …

Continue reading »

May 07

Обележан е нов пешачки премин во близина на училиштето во Новаци

Заради поголема безбедност во сообраќајот, особено на децата денеска беше организирана акција за обележување на пешачки премин во близина на основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци. Во акцијата беа вклучени децата и родителите со цел поголема едукација како на безбеден начин да се вклучат и учествуваат во сообраќајот.

May 07

Одбележан Денот на полицијата во Полициската станица во Новаци

Денот на македонската полиција 7 ми мај одбележан и во полициската станица во Новаци. Станицата ја посетија првачињата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци и дечињата од претшколска возраст кој го посетуваат Центарот за ран детски развој „Бамби“ кои одблиску се запознаа со работата на чуварите на редот и мирот, со нивото оружје и реквизити …

Continue reading »

May 05

При крај е изградбата на спортската сала во Новаци

  Спортската сала во Новаци веќе започнува да го добива конечниот лик. Веќе е поставена железната конструкција а сега се работи на нејзино затворање и внатрешно уредување. Ова е прв ваков спортски објект во општина Новаци кој има особено големо значење за развојот на спортот кај младите и правилен нивен раст и развој.

May 04

Започна пролетната дератизација во општина Новаци

Започна пролетната систематска превентивна дератизација  на канализациониот систем, јавната депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта  и останатите критични точки кои можат да ја нарушат хигиенско-епидемиолошката состојба во Општина Новаци.

css.php