«

»

Apr 30

Поставен камен темелник за капела во црквата Св.Атанасиј во Новаци

DSC_1926

Во присуство на градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, свештено лице и месното население беше означен стартот со изградбата на капелата во црквата Свети Атанасиј во Новаци.

„ Овој објект кој денес започнуваме да го градиме е на барање на населението и ќе биде од особено значење за Новаци, затоа што е неопходен според најновите закони а досега немавме такво место. Веќе изградивме таков објект во село Гермијан и понатаму ќе градиме секаде каде ќе има потреба за тоа “ рече градоначалникот Котевски.

Капелата во село Новаци чини  1.100.000 денари додека во с.Гермијан 573.000 денари. Средствата се  обезбедени од буџетот на општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php