«

»

Apr 28

Советот на општина Новаци ја одржа 34 тата седница

DSC_0315

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 34 –тата седница на која на дневен ред се најдоа 15-тина точки.Седницата започна со усвојување на записникот за претходната 33 –та седница. Потоа беше усвоен тромесечниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци за периодот  01.01.2015 -31.03.2015.

Беше разгледан и усвоен годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Пелагонискиот Плански регион за 2014 година како и годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој Пелагонискиот Плански регион 2010-2015 година од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот Плански регион за 2014 година.

 

Советниците ги разгледаа и ги усвоија акциониот план и програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на општина Новаци, потоа програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици на територијата на општина Новаци за 2015 гидина а беше усвоен извештај-прегледот за реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Новаци во 2014 година.

 

Советниците донесоа одлука со 15 000 денари да им се помогне на Здружение на Пелагониските културно- научни средби при општина Новаци, с.Новаци за печатење на Зборникот бр.10.

Беше усвоено барањето на МЗ с.Д.Орехово за  поднесување писмо барање до ЈП Македонија пат за поставување на патна сигнализација(знак за животни на пат) на регионалниот пат Новаци-Маково.

 

Советниците донесоа одлука да им се помогне парично на КУД ,,Новаци,, с.Новаци за одобрување на средства за автобуски превоз до Товаришево Република Србија .

 

Советниците на денешната седница го усвоија Елаборатот, дополнувањето на барањето на ЗК Пелагонија за претрпените штети во поплавите и извештајот за процена на штети на територијата на општина Новаци. Исто така на лицето Дејанчо Мицевски од с.Новаци беше едногласно усвоено да им се помногне со средства од донаторските сметки за итна санација и реконструкција на куќата која целосно беше оштетена во поплавите .

 

Се разгледа учеството на општина Новаци во проектот за Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓанските здруженија кој е  финансиран од УНДП.

 

На седницата присуствуваа претставници од Програмата Форуми во заедницата како и членови на работната група формирана во рамките на имплементацијата на проектот Буџетски форум кој треба да заврши со последната шестата сесија во септември годинава.Целта на нивната посета беше следење на седниците на советот , извршувањето на проектите кои по предлог на граѓаните беа испланирани во буџетот на општината за 2015 година како и реализацијата на самиот буџет.

           

 

 

 

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php