«

»

Apr 27

Македонска традиционална трпеза

11045421_963737710316794_2039295723896774115_o

Општина Новаци беше дел од манифестацијата „Македонска традиционална трпеза“ во Организација на жени Битола и Вкусот на традицијата.

Целта и идејата на оваа манифестација  е да се промовира македонската кујна но воедно и се оддаде почит и признание на македонската жена која ги преточува обичаите во најубавите трпези со историски прикази и посветеност.

„Секогаш кога се вреднуваат македонските обичаи, традиции и македонските јадења општина Новаци со драго срце прифаќа да учествува и да биде спонзор. Таква беше и оваа манифестација која беше навистина посетена и имаше што да се види. Само со вакви настани ќе можеме да го продолжиме она што ние аманет од нашите претци и да им го пренесеме на нашите идни поколенија“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

По свеченото отворање беа изложени сите прекрасни македонски јадења и трпези за посетителите а потоа следуваше и доделување на награди и признанија  за најдобрите и најупешните учесници на оваа манифестација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php