«

»

Apr 16

Започнаа активностите за проширување на хидросистемот за наводнување

strezevo-memorandum

Со потпишување на меморандум за соработка помеѓу двете пелагониски општини Новаци и Могила и ЈП Стрежево започнаа активностите околу изградбата на системот за наводнување на новачко поле.Сето ова може да започне уште годинава ако за тоа дозволат временските услови, односно високите подземни води по обилните врнежи и поплавите на почетокот на годината. Во првата фаза системот ќе се прошири на површина од 600 хектари, за што веќе се обезбедени околу 700.000 евра.

“Втората фаза е врзана со проектирање за проширување на системот на нови 1.400 хектари кои ќе директно вклучени на нашиот систем. За реализација на втората фаза потребни се околу 4 милиони евра и тие се обезбедени од Владата на Република Македонија од програмата за капитални инвестиции. Во општина Могила имаме физибилити студија која овозможува приклучување на општината на системот „Стрежево“, а вредноста на тој проект е околу 8 милиони евра”, истакна Марјан Ѓероски, директор на ЈП Стрежево.

Потпишувањето на меморандумот за соработка со ЈП „Стрежево“-Битола, градоначалниците на двете пелагониски општини го оценија како исклучително значаен документ во функција на локалниот развој на двете локални самоуправи.

Овој проект е стратешки значаен за нашите земјоделци бидејќи ќе се овозможи наводнување на околу 600 хектари и дополнителни 1.400 хектари. Но, проширувањето на мрежата ќе го користат и новите инвеститори кои сакаат да отворат оранжерии и други земјоделски капацитети, истакна градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Котевски посочи дека ова дополнително поврзување на хидросистемот за наводнување на Стрежево за нивните жители ќе значи многу посебно за оние кои планираат да работата со оранжерии.

Градоначалникот на општина Могила Стево Пивковски посочи дека со потпишаниот меморандум се обезбедува нов водоснабдителен крак кој могилчани го посакуваат 20 години наназад, но конечно почнува да се реализира оваа идеја, капитална инвестиција од посебно значње за нашите граѓани, рече Пивковски.

ЈП „Стрежево“ ќе и понуди меморандум за соработка и на Општина Битола, со цел изработка на проект за обезбедување на градот со технолошка вода. Според предвиденото, технолошка вода може да добијат Нова Битола, комплексот болници, старата касарна и градскиот стадион, како и сите зелени површини на овој дел од општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php