«

»

Apr 03

Ќе се гради фабрика за преработка на автомобилски гуми во с.Брод, општина Новаци

IMG_20150402_131349

Во просториите на општина Новаци се презентираше студијата за оценка на влијанието врз животната средина за изградба на инсталација за преработка на стари автомобилски гуми со пиролиза во с. Брод.

Студијата беше достапна за увид на веб страната на МЖСПП на РМ како и во просториите на општина Новаци.

Целта на ваквата проценка е идентификација и проценка на последиците од проектот врз животната средина пред да биде издадено решението за градење на објектот за да можат да се елиминираат или ублажат  негативните биофизички, социјални, здравствени и останати ефекти.

Презентацијата беше органзиирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ и истата ја отворија и водеа претставници од ова ресорно министерство. Целата постапка е водена согласно член 91 од Законот за животна средина.

Изработувач на стратегиската оценка е м-р Илија Кондински кој е овластен експерт за оценка на влијанието на проектот врз животната средина и пред сите присутни детално ја образложи студијата, ја претстави локацијата каде ќе се гради инсталацијата – во околината на село Брод на оддалеченост од 1,5 км, како и начинот на кој ќе се одвива процесот на преработка на старите автомобилски гуми со пиролиза. Исто така беа образложени социо економските можности од имплементацијата, очекуваните влијанија на проектот врз животната средина, планот за мониторинг и оправданоста на проектот.На презентацијата беше кажано дека ваква фабрика веќе се гради во Општина Тетово.

На презентацијата на стратегиската оценка присуствува претставници од општината, инвеститорот Стентон Градба , месните заедници и мноштво жители на општина Новаци, особено од околината на населеното место каде ќе се гради оваа фабрика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php