«

»

Apr 03

Советот на општина Новаци ја одржа 33 –тата седница

DSC_5311

Заради големиот обем на работа на општина Новаци во овој период од годината и големиот број повици за проекти, Советот на општина Новаци по трет пат неделава заседава за важни општински прашања, при тоа сметајќи ја и свечената седница која се одржа во понеделникот по повод денот на Општина Новаци – 30 март.

Денеска на дневен ред на 33 –тата седница се најдоа 15 –тина точки.

Седницата започна со усвојување на записникот за претходната седница.Потоа се разгледуваа записниците од поплавите кои ја зафатија општината во месец февруари годинава, прегледите за пристигнати донации, извештаите за распределни донации и дурги документи поврзани со оваа елементарна непогода.

Советниците донесоа одлука за одобрување на средства за реконструкција и опремување на просторијата на Советот на општина Новаци.

Беа рагледани и одобрени неколку барања и тоа за лекување, за градежни материјали за црквата Св.Спас во Добрушево, барање од месните заедници на Сливица, Брник, Рапеш, Далбеговци и Долно Орехово.

Беа одобрени средства за санирање на мостот на река Црна во с. Брод.

Советниците беа информирани за учеството на општина Новаци во програмата Ерасмус плус на ЕУ, при што ќе биде еден од петте партнери заедно со општините Маглиано Алпи,Фрабоса Сопрана и Фрабоса Сотана од Италија и градот Куенца од Шпанија, во имплементацијата на преоктот за поддршка на младите  и поттикнување на нивниот развој и вештини во планинските и руралните  области.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php