«

»

Apr 01

Христијан Николовски е најдобриот ученик по англиски јазик на натпреварот по спелување

unnamed

Петтооделенецот Кристијан Николовски од Новаци е најдобриот ученик по англиски јазик кој победи на натпреварот во спелување кој го организираше Културно иновативниот клуб од Новаци  и Хана Траскот од Мировниот корпус. Кристијан ќе учествува и на регионалниот Spelling Bee натревар кој ќе се одржи во Битола.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ги поддржува ваквите активности затоа што на ваков начин децата од руралните средини имаат можност за учење и усовршување на англискиот јазик кој многу ќе им помогне во понатамошното образување и секојдневен живот.

„Сакам да му честитам на постигнатиот успех и да ве охрабрам за поголеми успеси во иднина.Општина Новаци како и досега така и понатаму ќе ги поддржува ваквите и слични активности кои ќе придонесат кон подобро и поквалитетно образование на дечињата од руалните средини како што е нашата општина. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 

Во натпреварот по спелување на англиски јазик учество зедоа 33 ученици од основно и средно училиштето од Новаци поделени во групи.

Целта на ваквите натпревари по спелување е проширување на вокабуларот на учениците, нивно охрабрување за правилно изговарање и читање на зборовите како и подобрување на јазичните способности за користење на англискиот јазик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php