«

»

Mar 24

Панихида за револуционерот Ѓорѓи Сугарев во Паралово

DSC_8542

По повод 109 години од загинувањето на легендарниот бескомпромисен револуционер на македонската кауза Ѓорѓи Сугарев , на неговото вечно почивалиште во Паралово се одржа панихида во организација на општина Новаци.

„Секоја година го одбележуваме загинувањето на Ѓорѓи Сугарев.Годинава  чествуваме 109 години од загинувањето на нашиот македонски херој,патриот и борец за правата на македонскот народ, Ѓорѓи Сугарев.Тој го даде животот со својата дружина тука наа ова место т.н Чукарите заедно со уште 24 борци борејќи се против турскиот аскер кои сакаа да го поробат македонскиот народ.Вакво чествување практикуваме и организираме веќе неколку години наназад и тоа ќе прераснува во традиција.Општината ќе организира активности за славење на делото на овој голем јунак со кој македонскиот народ се гордее.По положувањето на цвеќе на гробот во манастирот во Паралово ќе се одржи црковен собир“ велат од организациониот одбор на Општина Новаци.

Ѓорѓи Сугарев е роден во Битола во 1879 година и израснал во сиромашно семејство. Тој во превечерието на Илинден учествувал како делегат на Смилевскиот конгрес во 1903 година, на кој било донесено решение за кревање на вооружено востание во Македонија. Сугарев бил назначен за горски началник во Битолско, а со почетокот на Востанието на 2 август 1903 година учествувал во заземањето на селата околу Битола.

Сугарев наводно е е фатен во стапица, како жртва на најголемото предавство извршено во битолско од страна на битолскиот предавник Петре Лигушо, тогашен секретар на Битолскиот окружен комитет, а за неговата смрт постојат неколку верзии.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php