«

»

Mar 17

Прво место во мал фудбал за учениците од „Славко Лумбарковски“ од Новаци

DSC_1234

Екипата на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ од Новаци го освои првото место на турнирот во мал фудбал кој го организираше земјоделското средно училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола по повод патрониот празник .Александар Велевски од Новаци беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот.

„Многу се радувам на ваквите успеси на децата од Новаци. Им посакувам понатамошни успеси и афирмација на општината.Ние како локална самоуправа постојано вложуваме во спортски објекти и развој на спортските активности затоа што на таков начин ќе маме здрави млади поколенија. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

IMG_20150317_114037

На турнирот учество зедоа вкупно шест екипи од училиштата од Новаци, Кукуречани, Могила, Ивањевци, Долно Оризари и Даме Груев од Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php