«

»

Mar 11

Советот на општина Новаци ја усвои завршната сметка за 2014 година на 31 –вата седница

IMG_1647

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 31- вата седница на која се разгледуваа околу дваесет и пет точки на дневен ред.

Седницата започна со усвојување на записникот за претходната седница а потоа се донесе одлука за усвојување на завршната сметка на општина Новаци за  2014 година, одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Новаци за 2015 година , усвоен беше и финансискиот извештај за финансиското работење на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за 2014 година како и завршната сметка и финансискиот извештај за работата на ЈКП „Комунална хигиена“ Новаци.

Усвоен беше и годишниот извештај на општина Новаци за 2014 година, извештајот за работењето на ЈКП „Комунална Хигиена“ Новаци,годишниот извештај за извршени работи за одржување на јавната чистота во општина Новаци за 2014 година како и извештај за добиената хуманитарна помош и добиените средства на донаторската сметка.

Советниците донесоа одлука за формирање на комисија и одобрување средства за одбележување на празникот на општина Новаци – 30 март, предлог програма за заштита од штетно дејство на водите на подрачјето на општина Новаци, усвоено беше барањето од ФК Новаци за одобрување средства за сезоната 2014/2015 – пролетен дел, одобрени беа средства за лекување на неколку физички лица, за санирање на опожарена куќа во с. Новаци како и финансиска помош на тројца ученици од гимназијата Јосип Броз Тито за едукативно патување во Франција.

Советниците донесоа одлука за одобрување средства за изработка на проект за изградба на брана на река Строшница,беа направени измени и дополнувања на персоналниот состав на Штабот за заштита и спасување во ЕЛС Новаци,се донесе одлука за согласност за пренесување на спомен плочата во с.Груниште на загинатиот француски војник Марсел Дорфен на француските гробишта во Битола.

Советниците одобрија издвојување на средства за изработка на елаборати за објектите на верските заедници во постапка за легализација на бесправно изградени објекти во општина Новаци, донесоа одлука за времено отстапување на продавница во с.Зовиќ, го разгледаа барањето за асфалтирање на улица во с. Новаци и од месната заедица Живојно,но дадоа и предлог за донирање средства за поплавите од страна на вработените во општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php