«

»

Mar 05

Новачани доставија барање за помош од поплавите до Светска банка

DSC_6722

Триста и триесет жители на седум села од Општината Новаци поднесоа барање за помош од претрпена штета на објекти, инфраструктура и земјоделски површини од поплавите што минатиот месец го зафатија ова подрачје. Општинските комисии на Новаци денеска излегоа на терен и започнаа со проценките. Аце Милевски е земјоделец од село Гнеотино кој обработува 25 ха плодно земјиште и кој помина најлошо со поплавите. Неговите ниви се уште се под вода, но се надева на реална проценка и помош од Општината и Владата.

 

-Стравувам што не ќе може пролетна сеидба да се посее на овие површини. Сами видовте колку има вода и не може да се повлече уште еден месец. Сега, Општината да видиме што помош ќе ни даде, а сега записници што прават ќе видме и што ќе не обештети Владата- рече Аце Миленковски, земјоделц од с. Гнеотино.

 

Во меѓувреме, Општинската комисија за проценка на штети од елемнтарни непогоди, ги заврши  начелните проценки и апликациските обрасци, кои денес беа поднесени за помош од Светска банка.

 

-Глобалната пресметка за Светска банка веќе е подготвена и денеска им ги испраќаме дневните извештаи кон нив, т.е. она што според нивните критериуми за проценка ни го бараат. За проценките што треба да ги извршиме кон нашите институции, односно Министерството за финансии, тековно комисијата е натерен.- рече Стефче Стефановски, претседател на Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди на Општината Новаци.

 

Во Општината Новаци, покрај материјалната помош во храна, вода, хемиски препарати и други средства и продукти што пристигнаа во критичниот период до најзагрозените подрачја, од домашни и странски донатори пристигна и првата парична помош во износ од околу два милиони денари.

 

-Стигната е помош во Општината и ќе ги надокнадиме овие штети на нашите граѓани. Помошта е стигната од разни донатори, од приватни лица, од нашите исселеници во странство, нарочито од Австралија, како и од збратимените градови- рече градоначалникот на Општината Новаци, Лазар Котевски.

 

Земјоделците од овој крај, покрај субвенциите што започнаа да пристигнуваат, очекуваат помошта да стаса што поскоро, за да можат да ја спасат барем пролетната сеидба.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php