Monthly Archive: March 2015

Mar 31

Советот на општина Новаци ја одржа 32-та седница

Само еден ден по свечената седница по повод Денот на општина Новаци кога се одбележа 19 годишниот јубилеј , Советот ја одржа редовната 32 –ра седница на која имаше 15 точки на дневен ред.

Mar 30

Општина Новаци прослави 19 години постоење

Општина Новаци денеска прослави 19 години успешна работа и опстојување. Празнувањата започнаа викендов со свечена приредба  со која беше одбележан патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“. Во весела атмосфера учениците имаа подготвено навистина многубројни интересни точки а денес организираа отворен ден. Отворен ден беше организиран и во општина Новаци за многубројните гости и пријатели на …

Continue reading »

Mar 27

Отворена канцеларија на локалната акциона група Пелагонија со седиште во Новаци

Во присуство на претставници од Мисијата на Швајцарија, УСАИД, локалните самоуправи и градоначалниците, како и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, свечено започна беше отворена канцеларијата на ЛАГ-от ПеЛАГонија со седиште во општина Новаци.Овие Локални акциони групи во иднина преку препознавање на приоритетите за развој на регионите, треба да реализираат проекти од интерес за …

Continue reading »

Mar 24

Панихида за револуционерот Ѓорѓи Сугарев во Паралово

По повод 109 години од загинувањето на легендарниот бескомпромисен револуционер на македонската кауза Ѓорѓи Сугарев , на неговото вечно почивалиште во Паралово се одржа панихида во организација на општина Новаци.

Mar 17

Прво место во мал фудбал за учениците од „Славко Лумбарковски“ од Новаци

Екипата на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ од Новаци го освои првото место на турнирот во мал фудбал кој го организираше земјоделското средно училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола по повод патрониот празник .Александар Велевски од Новаци беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот.

Mar 11

Советот на општина Новаци ја усвои завршната сметка за 2014 година на 31 –вата седница

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 31- вата седница на која се разгледуваа околу дваесет и пет точки на дневен ред.

Mar 11

Општина Ѓорче Петров донира 200.000 денари за поплавените во Новаци

Советот на општина Ѓорче Петров на вчерашната седница на Совет донесе одлука да донира парични средства во износ од 200.000 денари за поплавените подрачја во општина Новаци.

Mar 09

Стабилна состојбата со поплавите во Новаци

Состојбата во поплавените подрачја во Пелагонија ,посебно во атарот на општина Новаци е стабилна и не се очекува ескалација на проблемите од река Црна и високото количество на подземни води.

Mar 05

Новачани доставија барање за помош од поплавите до Светска банка

Триста и триесет жители на седум села од Општината Новаци поднесоа барање за помош од претрпена штета на објекти, инфраструктура и земјоделски површини од поплавите што минатиот месец го зафатија ова подрачје. Општинските комисии на Новаци денеска излегоа на терен и започнаа со проценките. Аце Милевски е земјоделец од село Гнеотино кој обработува 25 ха …

Continue reading »

css.php