«

»

Feb 18

Голем број на донации за поплавените во Новаци

DSC_6168

Парична донација за семејството Мицевски чија куќа беше поплавена пред десеттина дена дадоа младите од Културно иновативниот клуб од Новаци.Имено тие организираа акција насловена како  „Живеј,работи, создавај“.

„Хуманитарната акција беше спроведена во продавниците во Ноавци но и во четири факултети во Битола:Педагошки,Биотехнички,Технички и Факултетот за информатички и комуникациски технологии .Благодарност до студентите кои донираа одделувајќи од своите скромни буџети.Благодарност за поддршката до деканатот на факултетите.“ велат од КИК Новаци.

Паричната донација од раководителот на П.Е на МЗШВ во Битола, Илија Србиновски, му беше веднаш дадена на располагање на Станко Мицевски од Ноавци за реконструкција на неговата поплавена куќа .

DSC_6186

Многу хумани беа и директорот,вработените , учениците и родителите од ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп кои организираа хуманитарна акција преку која собраа и донираа  вода, средства за хигиена , прехрамбени продукти и ќебиња.

„Спроведовме една хумана акција за собирање средства за поплавените и наидовмње на голем одѕив од учениците и нивните родители.“ рече Трајче Каралиевски, директор на ОУ „Гоце Делчев“ Прилеп.

DSC_6195

Парични средства се донирани од Кромберт и Шуберт, ИМБ Млекара, од иселеници од странство а најавена е и парична донација од збратимената општина Хрпеље-Козина од Словенија.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски на сите хумани луѓе искрено им се заблагодари за покажаната грижа и дадената помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php