«

»

Feb 17

Здружението на естрадни уметници со донација за поплавеното семејство Мицeвски од Новаци

donacija

Здружението на естрадни ументици на РМ донираа за поплавените во општина Новаци а со парична помош му помогнаа на семеството на Станко Мицевски за реновирање на поплавената семејна куќа.

„Сакавме и ние да ја покажеме нашата хуманост и секој како што сметаше помогна, некој со парични средства, некој со вода, средства за хигиена , храна и слично. “ рече Ице Атанасовски, претставник на Здружението на естрадни ументици на РМ.

Паричните средства кои ги донира Здружението на естрадни уметници му беа дадени на Станко Мицевски од Новаци.

„Му благодариме на сите кои што се сетија и му помогнаа на поплавените од општина Новаци, било да донираа парични средства или пак вода, хемиски средства, средства за хигиена и слично.На ваков начин полесно ќе ги пребродиме овие тешки денови и полесно ќе им се помогне на луѓето кои се оштетени од поплавеите.Му благодарам на Здружението на естрадни ументици како и на сите други кои што деновиве донираа а ги имаше многу. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

За поплавите во општина Новаци донираа МПЦ, Црвениот крст, општина Ресен со Реском, општините Илинден и Дени Интернационал, Петровец, Канал 5, Македонско-турското здружение Мустафа Кемал Ататурк, Стопанска банка Битола, ИМБ Млекара, Кромберт и Шуберт, Суна , Унија на жени од Битола, Ладна, група Алтернатор и Маестрал, ОК на ВМРО ДПМНЕ на Тетово, Гранд експорт Скопје, ДОО Магрони Скопје,црквата Св.Кирил и Методиј од Њу Џерси Америка,Кожувчанка, Српско македонски клуб, Здружение на слепи лица од Битола, и многу други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php