«

»

Feb 06

Ќе се санира регионалниот пат Новаци – РЕК

20150206_131250

На координативен состанок  на кој беа присутни градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, директорот на РЕК Јофко Крстевски, секретарот на општина Новаци Стевче Ангелевски, претставници од ФОД и фирмата Геинг  беше договорено да се направат цевкасти пропусти Ф 1800 кои ќе бидат поставени на сечениот регионален пат Новаци-РЕК за да се овозможи нормален сообраќај но и пропуст на надојдената вода.

„Заради нормално функционирање на РЕК, општина Новаци и месното население денеска се договоривме најбрзо што може да се изработат цевкасти пропусти кои ќе бидат поставени на патот. Ги договоривме обврските на секој од присутните имено ФОД ќе ги изработи овие профили, РЕК ќе обезбеди потребна механизација за транспорт, утовар, растовар и монтирање на профилите,  општина Новаци треба да обезбеди бетон за бетонирање и зацврстување на цевките. Доколку водата е на ова ниво тогаш се очекува до недела регионалниот пат да биде оспособен за сообраќај. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

DSC_5064

Регионалниот пат Новаци РЕК беше сечен во средата за да се овозможи поголем пропуст на надојдената вода со цел да се спречи поплавување на село Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php