«

»

Feb 04

За да се спречи од поплавување Новаци ќе се руши регионалниот пат кој води до РЕК

CRNA_001

Со дозвола на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски намерно ќе се сечи регионалниот пат кој води до РЕК Битола за да се направи пропуст на водата која му се заканува да го поплави цело село Новаци.

„Добивме дозвола од министерот Миле Јанакиевски да го селчиме патот со цел да направиме вештачки испуст на водата која е надојдена и постојано се зголемува заради пробиенатото корито на река Црна на стотина метри од браната на РЕК и 9-тиот канал. Поплавувањето на село Новаци е веќе започнато од синоќа, ги имаме евакуирано и првите луѓе но за да се спречи уште поголема катастрофа решивме да го преземиме овој чекор.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Се прават последните пдоготовки се алармира градежната механзиација и наскоро ќе се започне со сечење на асфалтот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php