«

»

Feb 03

Ставревски:Општина Новаци добро организирана , се справува со невремето

10855034_1011306165563834_4966080779478260240_o

Повеќе од 5.000 хектари плодно земјиште е под вода во пелагониската општина Новаци, откако нивото на Црна река во овој дел  достигна неверојатни 4,84 метри. Општина Новаци мораше да интервенира на неколку критични места – од мостот на Црна, кај манастирот „Пресвета Богордица“, па сè до браната на РЕК Битола, од каде комбинатот се снабдува со вода во случај на пожари. Насипи со тампон се поставуваат и кај најзагрозените куќи во селата Гнеотино, Долно и Горно Агларци, како и во селото Новаци.

Општина Новаци е добро организирана и успешно се справи со предизвиците од невремето, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при неговата посета на поплавените подрачја од пелагонискиот регион.

Теренската посета на општина Новаци, како што рече, покажа дека последиците од невремето и обилните врнежи најмногу се чувствуваат во полето заради прелевање на водите. Но, добрата организација на Општината, градоначалникот и неговата екипа, кризниот штаб, сите структури, како и жителите на општината, минимизирани се ризиците по животот на граѓаните, имотот, добитокот и слично.

Порача дека добро е и понатаму организацијата да биде на највисоко ниво, а ако е потребно, поддршка да се побара и од војската и полицијата за и понатаму да се контролира состојбата на терен.

Изрази верување дека Општина Новаци  успешно ќе се справи со овие предизвици.

Како што информираше градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски реагиеано е на неколку критични точки со механизација со цел водата да не стигне до куќите.

„Имаме одбранбени насипи на критичните точки во Гнеотино, Рибарци , Новаци и Долно и Горно Агларци и Далбеговци деноноќно контролираме, заседаваме, ангажирана ние целокупната механизација која ние на располагање. Имаме исто така проблем со еден мост кај патот Р 120 кој ќе го санираме по невремето и еден дел од патот Брод Гнеотино  кој лани го асфалтиравме е оштетен.– изјави градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски “

Исто така оштетен и патото Рибарци Гнеотино кој што се градеше ланската година, а ќе треба да се санира и мостот на патот Р 120 во најкраток рок.

Кризниот штаб и понатаму ќе ја следи состојбата со цел да се реагира секаде каде што е потребно

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php