«

»

Feb 02

Црна река го поплави патот Брод-Гнеотино.Министерот Цветков на терен

10960093_1010513655643085_3583472136294568672_o

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков синоќа ги посети поплавените подрачја во пелагониските општини Новаци и Могила, каде долж течението на реката Црна се поплавени земјоделски површини, но и друг имот во различна сопственост.

– Обилните врнежи придонесоа водостоите во сите реки да се зголемат, а тоа го направи и реката Црна во пелагонискиот дел која предизвика големи штети на земјоделците, истакна министерот Цветков по вечерашната средба со општинскиот кризен штаб во општина Новаци.

Првичните проценки, како што рече, се дека во Пелагонија под вода се околу 5.000 хектари. – Вечерва сме тука и го следиме нивото на реката кое се зголемува и затоа заседававме со сите надлежни структури, претставници на јавни претпријатија и пратениците и се договоривме што се треба да направиме како влада и министерство за да се реши проблемот со излевањето на реката Црна. Основниот заклучок е дека треба да се исчисти реката, да се намали нивото на реката до еден метар и според мене прифатлив е планот на ЈП за водостопанство да се набават два багера со кои за една година ќе може да се исчистат 40 километри, што значи постојат реални шанси да се исчисти реката Црна која 30 години не се чисти, појасни министерот Цветков по вечерашната посета на општина Новаци.

Според Цветков, врз зголемувањето на нивото на реката Црна дополнително влијаат разни дрвја и други растенија кои долги години не се исчестени во речното корито.

– На вечерашната средба се договоривме веднаш по повлекувањето на реката сите дрвја ќе бидат маркирани, сечени и отстранети со што ќе се зголеми протокот на водата во реката. Другите решенија, евентуално градење на насипи не се добри, бидејќи поради големиот број одводни канали водата се враќа назад. Сметам дека овие решенија ќе бидат прифатени и од Владата која утре ќе има редовна седница, посочи министерот Цветков.

На вечерашната средба со новинарите во општина Новаци, градоначалникот Лазар Котевски се заблагодари за директната владина поддршка и потврди дека локалната самоуправа е максимално мобилизирана на сите критични точки покрај течението на реката Црна која вечерва достигна максимално ниво од 4,82 метри.

10835250_917202521636980_6387579210631191541_o

„ Правиме се што е во наша моќ да ги спречиме поплавите и да ги елиминираме штетите.Постојано сме на терен со кризниот штаб.Состојбата е навистина загрижувачка.Над 1000 хектари  од новачкото поле се под вода.Најалармантна е состојбата кај селата Брод и Гнеотино,Агларци и Далбеговци.Едно е добро што во изминатите денови правевме насипите со механизацијата па успеаве да ги заштитиме од поплави куќите.За штетите во овој момент не размислуваме, тие ќе се утврдуваат по повлекувањето на водите.Но како што стојат работите по се изгледа дека ќе бидат големи.Покрај земјоделските површини од поројните дождови настрада  и новоасфалтираниот пат брод –Гнеотино во должина од 1,5 км  кој го направивме минатата година.Тој е доста оштетен на неколку места“ вели радоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Граѓаните се видно исплашени од целата ситуација. На увид во општина Новаци и поплавените подрачја е најавен  министерот за финансии Зоран Ставревски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php