«

»

Jan 28

Општините Новаци и Коломбел ќе го развиваат меморијалниот туризам

DSC_4382

Општина Новаци и регионот Долна Нормандија од Франција ќе реализираат заедничкиот проект за одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна. Активностите беа договорени на средбата меѓу градоначалникот Котевски и француска делегација составена од градоначалникот на Коломбел, Марк Потје, Сабин Гише Лебаји, директор за меѓународна соработка во Регионот Долна Нормандија, конзулот на Франција Калиопа Стилиновиќ Кривашија и Ивана Димитровска раководител на програмата за децентрализирана соработка,подружница на Агенции за локална демократија – АЛДА Скопје. Целта на средбата е дефинирање на понатамошните чекори на соработка на тема Прва светска војна, реализацијата на актуелниот проект на горенаведена тема и новиот повик за проекти во рамките на соработката Долна Норманија /Македонија  2015/2016 годна.  

 

Соработката меѓу двата региона вклучува и посета на млади од Франција во Македонија и обратно со цел да се разменат меѓусебни искуства и младите да ги истражат, видат и да слушнат за историските случувања во двете земји. Општина Новаци и француската општина Коломбел планираат заедничко одбележување на 100-годипнината од Првата светска војна.

 

„Соработката е поддржана од Француската амбасада и овозможува да се создадат врски меѓу двете општини. Мојата посета е многу важна за односите, особено за комеморацијата за 100 години од Првата светска војна. Јас вторпат доаѓам во Македонија, а првпат тука во општина Новаци и сакам да се заблагодарам на прекрасниот пречек“ – изјави Марк Потје, градоначалник на општина Коломбел, Р.Франција

 

Градоначалниците Котевски и Потје на средбата најавија дека меѓусебната соработка ќе продолжи и во иднина на повеќе полиња, особено во насока на развивање и промовирање на меморијалниот туризам.

 

„Главната цел е соработката околу прославата 100 години од Првата светска војна, ние ќе бараме поддршка и од амбасадата во реализирањето на меморијалниот туризам кој ни е главна цел препа ИПА програмата на ЕУ. Тука има многу историски настани кои треба да ги видат и нашите жители на Р. Македонија, како и жителите на Р. Франција. Минатата година имавме посета на студенти од Лион и Париз кои видоа каде се бореа нивните прадедовци. Сакаме да имаме што поголема посета од нивните жители“ – рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци

По средбата, градоначалникот Котевски со француската делегација го посетија Рек Битола, Фод и селото Мегленци во кое има остатоци од упориште од Првата светска војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php