«

»

Jan 28

Кризниот штаб со низа превентивни мерки против проширување на поплавите во општина Новаци

DSC_4311

Кризниот штаб денеска со низа конкретни мерки за делување на терен со цел спречување на евентуални други можни поплави на територијата на општина Новаци. Како најкритични точки беа посочени Гнеотино, Рибарци и Долно Агларци.

„ На денешниот состанок се договоривме за конкретните мерки кои ќе ги преземиме на најкритичните места. Стентон градба ќе донесат два камиони тампон кај Гнеотино кој со помош на локалното население и соодветна механизација ќе се распореди околу првите куќи од селото и кај насипот. Камион со тампон ќе се однеси и Долно Агларци каде емсното население ќе ги наполни вреќите кои ДЗС ќе ни ги даде и тие ќе бидат подготвени да се стават таму каде што ќе има потреба за тоа. Исто така тампон ќе се однеси во ЗК Пелагонија каде нивните работници ќе ги наполнат вреќите кои ќе бидат подготвени да се распоредуваат таму каде што ќе има потреба. “ рече Лазар Котевски,градооначалник на општина Новаци.

ДЗС е постојано на терен и ги следи водотеците на реките и акумулациите.

„Ние ќе доставиме околу 500 вреќи кои ќе бидат искористени да се наполнат со тампон.Исто така ќе интервенираме со механизација доколку општината ги искористи сите расположливи ресурси. Исто така редовно ќе излегуваме на терен, ќе ги мериме водостоите на река Црна и акумулациите за да може да се преземат соодветни мерки и активности за да се спречи проширувањето на поплавите. “ Димче Јошевски, раководител на ДЗС Битола.

„ На денешниот кординативен состанок на кризниот штаб сите се алармиравме и ги одредивме конкретните ерки кои ќе се преземаат на терен за да се заштитиме од понатамошни поплаци, денеска конкретно се договоривме како ќе делуваме на територијата на општина Новаци.  “ рече Илија Србиновски, рак.на П.Е на МЗШВ Битола.

Кризниот штаб се договори да се наполнат сите вреќи со тампон и истите да се поставуваат на емстата каде што ќе се појави потреба за време на викендот кога се најавуваат обилни врнежи од дожд.

„ Преку месна заедница  Долно Агларци ќе го алармираме месното население да се вклучи во превенција од евентуални поплави за полнење на вреќи со тампон и нивно поставување за да се заштити полето од поплавување преку водата која се враќа преку девттиот канал .Исто така ќе се ангажираат и со механизација доколку има потреба од тоа. “ рече Вецко Марковски, МЗ Долно Агларци.

Од УХМР алармираат дека од петок со ендела под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот ќе има пообилни врнежи од дожд перидружени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи што дополнително би ја влошило неповолната хидрометеоролошка состојба во државата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php