«

»

Jan 20

Менде Петровски од Новаци го фати светиот крст во црквата Св.Атанасиј за Водици

1

Менде Петровски од Новаци го фати светиот крст кој за големиот христијански празник Богојавление Водици се фрлаше во осветените води во базенот во црквата Св.Атанасиј.Од 13-мината кои учествуваа во оваа верска традиција најсреќен беше Петровски кој досега учествувал повеќепати но прв пат со успех.

„Многу сум среќен што го фатив светиот крст  и на сите им  посакувам многу здравје, среќа и бериќет. Да е за многу години празникот. “ рече Петровски.

И оваа година како и секоја градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски застана зад организацијата и одбележувањето на Водици.

„Денес е голем ден за христијанскиот народ,Богојавление Водици ,празник со вековна традиција. Како и секоја година така и оваа го прославуваме овој ден.Ме радува масовноста и посетеноста од жителите, посебно на младите.Во Новаци фрлањето на крстот го организираме со црквата Св.Атанасиј во селото но традицијата се продолжува уште во 10-тина села во општина Новаци.Општината за сите среќници обезбеди паричен ваучер“ рече градоначалникот Котевски.

Во село Рибарци најуспешен во вадењето на светиот крст беше Борче Раденковиќ.

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
На овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.
Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други празници.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php