«

»

Jan 16

ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци спремно за старт на второто полугодие

DSC_0893

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски одржа состанок со директорката на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци Ана К.Велјановска на кој беа присутни  сите вработени и наставничкиот колегиум од централното и осумте подрачни училишта од Бач, Гермијан, Живојно, Далбеговци, Добромири, Рапеш, Рибарци и Горно Агларци .

На состанокот се сумираше реализираното во прво полугодие  но и се дискутираше за старотот на второто полугодие и тоа што треба да се исполни до крајот на учебната  2014/15 година.

„Ова е еден од состаноците кои редовно ги практикуваме пред почетокот на секоја  учебна  година како и пред почетокот на секое второ полугодие со цел да направиме пресек на сето што е досега реализирано како и тоа што треба да се направи до крајот на учебната година. Се разбира се дискутира и за евентуални проблеми во функционирањето ,набавка на греење во централното училиште и 8-те подрачни училишта, се слушаат предлозите на наставниците и слично.Секако дека ја искористив приликата за на сите да им посакам успешен старт на второто полугодие.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Градоначалникот Котевски направи еден осврт на сите реконструкции и санации кои беа направени во подрачните училишта во изминатата година и тоа во Бач,Живојно,Гермијан и Горно Агларци, изградбата на повеќенаменското игралиште како и изградбата на спортската сала во Новаци која ќе биде готова до крајот на 2015 година.

Зимскиот распут завршува в понеделник со неработниот ден по повод големиот христијански празник Богојавление –Водици а наставата започнува во вторник на 20 Јануари по веќе познатиот распоред.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php