«

»

Jan 12

Општина Новаци исплатила 140 000 денари парична помош за 28 новороденчиња во 2014 година

IMG_4536

Во 2014 година во општина Новаци се родиле скоро ист број на деца како и претходната. Општината исплатила 140 000 денари парична помош за вкупно 28 дечиња односно само две помалку од 2013 година.

„Од 2008 година па наваму имаме редовна практика ,општината да исплаќа по 5000 денари за секое новородено дете со цел да се поттикне зголемувањето на наталитетот во општината.Минатата година доделивме вкупно 140 000,00 денари за 28 новороденчиња, само 2 помалку за разлика од 2013 кога имаше 30 новородени деца.“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Во општина Новаци во 2013 година се родиле 30 новороденчиња, 24 во 2012 година, 27 во 2011 а 26 во 201о година.

За да се стекнат со ова право родителите треба да поднесат барање во општината и во прилог да достават извод од матична книга на родени и венчани, лична карта на родителите и копија од трансакциона сметка. Право на користење на еднократната парична помош за новороденче има еден од родителите кој треба да биде државјанин на Р.Македонија со постојано место на живеење во државата, за дете родено во Р.Македонија.

Општина Новаци во 2014 година исплатила 283 000,00 денари за здравствена заштита и социјални потреби, 483 217 ,00  денари по други основи на здруженија и физички лица, за поддршка на спортот 2 815 000,00 денари, за реновирање на цркви и манатстири 247 000 ,00денари а за културата 530 500,00 денари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php