Monthly Archive: January 2015

Jan 31

Во Новаци се прослави Свети Атанасиј зимен

Во општина Новаци се прослави  верскиот празник Свети Атанасиј. Секоја година традиција е стариот кум да меси погача со златно крвче која се дели на сите присутни во црквата и оној кај кој ќе се падни крстот е новиот кум за следната годија.Годинава најсреќен беше Драги Деспотовски од Новаци.

Jan 30

Советот на општина Новаци ја одржа 29-тата седница

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 29-тата седница на која разгледуваше и расправаше за околу триесеттина точки на дневен ред.

Jan 28

Општините Новаци и Коломбел ќе го развиваат меморијалниот туризам

Општина Новаци и регионот Долна Нормандија од Франција ќе реализираат заедничкиот проект за одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна. Активностите беа договорени на средбата меѓу градоначалникот Котевски и француска делегација составена од градоначалникот на Коломбел, Марк Потје, Сабин Гише Лебаји, директор за меѓународна соработка во Регионот Долна Нормандија, конзулот на Франција Калиопа Стилиновиќ …

Continue reading »

Jan 28

Кризниот штаб со низа превентивни мерки против проширување на поплавите во општина Новаци

Кризниот штаб денеска со низа конкретни мерки за делување на терен со цел спречување на евентуални други можни поплави на територијата на општина Новаци. Како најкритични точки беа посочени Гнеотино, Рибарци и Долно Агларци.

Jan 26

Поплавени 400 хектари земјоделски површини во Гнеотино, општина Новаци

Заради неповолната хидрометеоролошка состојба,критичното ниво на река Црна и настанатите поплави на земјоделските површини во Гнеотино денеска состанок одржа кризниот штаб составен од сите релевантни институции:градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, претставници на ЗК Пелагонија, Битолско Поле, ДЗС и ЦУК.

Jan 20

Менде Петровски од Новаци го фати светиот крст во црквата Св.Атанасиј за Водици

Менде Петровски од Новаци го фати светиот крст кој за големиот христијански празник Богојавление Водици се фрлаше во осветените води во базенот во црквата Св.Атанасиј.Од 13-мината кои учествуваа во оваа верска традиција најсреќен беше Петровски кој досега учествувал повеќепати но прв пат со успех.

Jan 16

ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци спремно за старт на второто полугодие

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски одржа состанок со директорката на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци Ана К.Велјановска на кој беа присутни  сите вработени и наставничкиот колегиум од централното и осумте подрачни училишта од Бач, Гермијан, Живојно, Далбеговци, Добромири, Рапеш, Рибарци и Горно Агларци .

Jan 14

Вилијан Велјановски го пронајде паричето во центарот Бамби

Вилијан Велјановски  е овогодинешното најсреќно дете во Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци. Од десеттината дечиња кои ги вртеа мазничињата тој го пронајде она во кое имаше паричка.Ова е василичарска традиција во Бамби за Православна Нова година на која покрај едукативниот кадар присуствува и градоначалникот  на општина Новаци, Лазар Котевски.  

Jan 14

Денеска е Православна Нова година

Со големи василичарски огнови, богата трпеза, мазник со паричка и колбаси се прослави Василица или Православна Нова Година во Новаци.

Jan 13

ФОД ќе гради стопански коплекс во Новаци

Во салата на Советот на општина Новаци денеска се одржа јавен увид и јавна расправа по Нацрт Извештај за стратегиска оцена на локална урбанистичка планска документација ЛУПД за оформување на ГП за изградба на стопански комплекс со пратеќки содржини на КП 221/1 – дел, КО Добромири и КП – 7 дел, КО Новаци.

Older posts «

css.php