«

»

Dec 31

Отчет за сработеното во 2014 на градоначалникот на Општина Новаци

DSC_26081

Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, пред јавноста даде отчет за сработеното и реализираното во текот на 2014 година. Годината која измина беше во знакот на големи инфраструктурние зафати односно асфалтирање на неколку регионални и локални патни правци и улици.

 

„Извршивме асфалтирање на пат Брод Р121 – 2 км, асфалтирање Р 511 – Мегленци во должина од 2,5 км, асфалтирање на локален пат Мегленци – Арматуш  во должина од 2,5 км, асфалтирање на локален пат Р 511 – Зовиќ во должина од  4,5 км“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

 

Општина Новаци инвестираше и во подобрување на водоводната и канализационата мрежа,го започна проектот за спроведување паарно греење, обнови неколку од подрачните училишта, а небеше занемарено и вложувањето во развој на спортот и спортската инфраструктура.

 

„На полето на културата го реализиравме Културно лето Новаци 2014 (Топол културен бран), Македонска етно венчавка , Културно иновативниот клуб Новаци, Фестивал за изворни песни во Мариово по повд Илинден во с.Градешница, Дочек на Нова година , новогодишни украси и огномет, набавка на ЛЦД телевизори за Водици“ рече Котевски.

 

Во општината во изминатата 2014 година се родени 28 деца, а за нив се исплатени 140 000 денари. За обнова на црквите и манастирите се доделени 247 000 денари, за културата 530 500 денари, на здруженија и физички лица по разни основи им се исплатени 483 217 денари  а за здравствена заштита и социјала 280 000 денари

Градоначалникот на општина Новаци измината 2014 година ја окарактеризира како доста успешна година и најави дека следната 2015 ќе биде посветена на реализација на капитални проектит со што ќе настојува да го задржи истото темпо на развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php