«

»

Dec 30

Со новогодишни претстави заврши проектот со детските градинки во Живојно,Добромири и Агларци

DSC_1388

Со приредба за Нова година и Божик беше означен крајот на шестмесечниот проект на општина Новаци со кој беа отворени три игротеки во Живојно,Агларци и Добромири.Проектот е на општина Новаци а е реализиран со помош на УНДП , Агенцијата за вработување и МТСП на РМ. Иако првичното времетрање беше шест месеци со средства од општината проектот се пролонгира за уштее ден месец.

DSC_1509

„Со новогодишни приредби на дечињата во сите три села го означивме завршетокот на овој проект за општинско корисна работа кој е реализиран преку УНДП.Исто така ги посетивме и подвижната игротека во с.Гемријан која е финансирана од ИПА проект за прекугранична соработка како и центарот Бамби во с.Новаци кој успешно работи веќе 10 години. Им доделивме пригодни пакетчиња на сите дечиња , а минатата недела за нив во општината беше изведена новогодишна претстава“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

DSC_1478

Како и секоја година така и оваа ,општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски обезбедија новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат настава во централното и подрачните училишта „Славко Лумбарковски“. Новогодишни  пакетчиња им беа поделени и на социјално загрозените и многудетните семејства во општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php