«

»

Dec 23

Богата музичка понуда за дочекот на Новата 2015 во Новаци

docek na nova 2015 godina

Богата културно уметничка програма и луда забава за жителите на општина Новаци за дочекот на најлудата ноќ се погрижи да има градоначалникот Лазар Котевски. Иако и досега општината организирала  заеднички дочек не постоела  голема посетеност, но годинава општина Новаци навистина се потруди со организацијата и се очекува голем интерес од страна на мештаните.

„Оваа година решивме да организираме богата програма и забава со многу естрадни гости за месното население во општина Новаци кои ќе се одлучат Новата 2015 година да ја дочекаат во Новаци. Забавата ќе започне со програма за деца,млади и возрасни, потоа со настап на Ритам бенд, па следува Татјана Лазаревска  и нејзиниот сопруг Новица Василевски. Планирани се настапи на танчерки и на модното студио Шанел како и богата лотарија.За убавото и весело расположение ќе бидат задолжени Солза и смеа додека точно во 12 часот на полноќ се погриживме за убав огномет.“ рече Котевски.

Локалната самоуправа се погрижи да органзиира и бесплатно мезе, ќебапи, топла жолта ракија,вода, сок, кифлички и салати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php