«

»

Dec 18

Заврши заедничкиот европски проект на Новаци и грчката Алмопиа „Жива историја,жива природа“

DSC_0478

Градоначалниците на општина Новаци Лазар Котевски и на Алмопиа,Грција, Димитрис Бинос на завршна конференција го означија успешното имплементирање на проектот „Жива историја, жива природа“ кој во изминатите 18 месеци го реализираа локалните самоуправи од двете држави а беше финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција 2007-2013 .
Главната цел на проектот, нагласи градоначалникот Котевски, беше промоција и обединување на историските и природните ресурси во меѓуграничната област, документирање, истражување и промоција на атрактивни локалитети.

– Во зададените рокови низ проектот успеавме да санираме и реконструираме значајни културно историски споменици како што се куќата на Калеш Анѓа во селото Старавина, мостот и воденицата во село Зовиќ и црквата Св.Димитрија во селото Градешница која е под заштита на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија. Во рамки на проектот, стручни лица вршеа попис и валоризација на природните и историските убавини во Мариово, а направивме и патеки со патоказни знаци и информативни табли кои се тријазични, односно на македонски, англиски и грчки јазик, појасни Котевски.
DSC_0541

Соработката со општина Алмопиа, најави тој, ќе продолжи на нов веќе одобрен проект со кој е предвидено партерно уредување на излетничкото место кај реката Коњарка и деминирање на одредени патеки низ Мариово, беше најавено на промотивниот настан кој се одржа салата на општина Новаци.

– Пограничните проекти што ги реализираат двете држави не се само за збогатување на културното наследство, туку и за зацврстување на пријателствата меѓу двата народи. Денеска го завршуваме првиот дел од проектот, но веднаш ќе продолжиме со вториот дел кој кај нас ќе се реализира во едно прекрасно планинско село, а ќе бидат обновени и црквите Св.Димитрија и Св.Ана во општина Алмопиа, истакна градоначалникот Бинос.
DSC_0552

За реализација на проектот „Жива историја, жива природа“ од фондовите на ЕУ за погранична соработка беа одобрени 545.321 евра, од нив општина Новаци реализираше 267.215 евра додека пак општина Алмопиа доби 278.107 евра.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php