«

»

Dec 05

Донација 40 кебина од Општина Новаци во домот за стари лица Сју Рајдер

1913313_972376532790131_276671738730087193_o

Градоначалникот Лазар Котевски со дел од општинската администрација донираа 40 тина прекривки и ќебиња за штитениците на домот за стари и изнемоштени лица „ Сјуе Радер“ од Битола.

„Обично сите донираат за време на некои празници, но ние еве тоа го правиме без повод затоа што на овие луѓе им беше потребна. Секој кој има потреба може да ми се обрати за помош и се разбира ќе ја добие доколку е во моја можност. Овој пат таа помош и тоа во вид на ќебиња за да ја поминат претстојната зима им беше потребна на старите луѓе кои се сместени во овој старски дом.Во оваа институција има 10 луѓе кои се од општина Новаци и тоа е причина повеќе да им излезам во пресрет на нивните барања затоа што јас сум градоначалник на таа општина“ рече Котевски.

10835213_972376539456797_2857009447961803387_o

Ова не е прва хумана акција на општина Новаци и на градоначалникот Котевски. Ваква слична акција имаат секоја година како во старскиот дом така и во Одделението за гинекологија при Клиничката болница Битола.Пред извесен период и Здружението на пензионерки од Новаци со помош на градоначалникот Котевски доираа 20 тина постелнини за дечињата од Заводот  за деца со оштетен слух,говор и глас „Кочо Рацин“ од Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php